10 прехранбени продукти со подолг рок на траење
Кромид
Кромидот е најдобро да го чувате во хартиена кеса или пластична мрежа. Најважно е да го складирате на суво место.
Компири
Доколку ги чувате на суво место и на температура од околу 4 степени, компирите можат да „издржат“ и до 4 месеци. Најдобро е да ги чувате во подрум, само немојте да ги мешате со јаболка и кромид бидејќи така ќе се расипат побрзо.
Пармезан
Пармезанот не мора да го чувате во фрижидер, а неговиот рок на траење е околу 10 месеци.
Ориз
Речиси секој вид ориз има рок на траење од најмалку 2 години. Важно е само да го чувате во добро затворен сад.
Јаткасти плодови
Доколку ги купите јаткастите плодови со лушпа, тие можат да траат и до една година. Излупените јаткасти плодови имаат рок на траење од околу 4 месеци.
Спирова С. | Црнобело