10 прехранбени продукти со подолг рок на траење
Некои прехранбени продукти имаат навистина краток рок на траење, без разлика колку внимателно ги чувате. Но постојат и оние кои можат да траат по неколку недели, па дури и месеци доколку ги складирате правилно.
Па ако веќе ви досади да фрлате расипана храна, наполнете го фрижидерот со овие намирници:
Зелка
Доколку ја чувате зелката во хартиена кеса во фрижидер, таа може да трае и подолго од еден месец. Во овој случај важно е зелката да не биде влажна, бидејќи влагата го забрзува нејзиното расипување.
Па, доколу на надворешните листови забележите капки вода, избришете ги со крпа.
Свежо цвекло
За да му го продолжите рокот на цвеклото, чувајте на студено, темно и суво место. Најдобро е ако можете да го чувате во подрум, но и фрижидерот ќе ви заврши работа.
Најпрво треба да ги отстраните листовите. Немојте да ги фрлате бидејќи можете да ги припремите како блитва или да ги додадете во смуди или салата. Цвеклото ставете го во хартиена кеса и складирајте го на суво место.
Морков
Доколку правилно го исушите морковот, тој може да трае навистина долго. Бидејќи самиот зеленчук испушта влага, може лесно да се расипе. Но доколку веднаш го ставите хартиена крпа, а потоа во фрижидер, ќе се ослободите од влагата и ќе ја одржите неговата свежина.
Корен од целер
На коренот од целер му годи влагата, па можете да го чувате во фрижидер. Откако ќе го отстраните коренот, ставете го фрижидер и ќе трае најмалку една недела. Листовите од целер можете да ги ставите во пластична кеса или пластична фолија.
Лук
На лукот најмногу му годи температура помеѓу 15 и 18 степени и умерена влага. Доколку го чувате во фрижидер, важно е да знаете дека откако ќе го извадите, за неколку денови ќе почне да 'рти.