Во кои ситуации не треба да користите маслиново масло, иако е здраво?
Маслиново масло се цени поради многубројните намени во кулинарството, здравјето и убавината. Со векови е барано низ културите и континентите.
Иако не се сомневаме во неговата разновидност и неговите придобивки, постојат ситуации во кои не треба да се користи ова масло.
Во овие ситуации треба да размислите за алтернативи:
Кога не го знаете потеклото на маслото
Пред да почнете со подготовка на храна со маслиново масло, проверете дали го знаете потеклото на маслото.
Според некои истражувања, дури 80% од италијанските маслинови масла, што ги наоѓаме во продавниците, се всушност измами.
Постојат три групи на такви масла:
- Масла со слаб квалитет измешани со масла со повисок квалитет
- Старо пакување, односно масло кое останало во резерва и продажба на такво пакување како свежо
- Масло од сончоглед или соја во шише на маслиново масло.
За пржење
Некои нутриционисти тврдат дека маслиновото масло, кое е добро за нашето срце, всушност, станува штетно за срцето кога е изложено на високи температури.
Во овие ситуации, маслиновото масло нема да ги ослободи штетните токсини, но (како и сите други масла) структурата ќе почне да се распаѓа.
Повеќето од хранливите вредности, што ги поврзуваме со маслиновото масло, како што се омега-3 масните киселини, се уништуваат за време на процесот на загревање.
Наместо тоа, користете маслиново масло како „зачин“ кога јадењето ќе биде готово.
На скара
Постојат многу рецепти кои советуваат маринирање на месо и зеленчук во маслиново масло и зачини пред да го ставите на скара. Иако овој метод не може да ви наштети, нема ниту да ви помогне, бидејќи маслиновото масло едноставно ќе изгори.
Како нега за кожа склона кон акни
Многу луѓе користат маслиново масло како регенератор за коса, масло за масажа и неизбежна состојка во подготовката на нивните сапуни, лосиони и други производи за нега на кожата.
Иако не постои сомнеж во ефективноста на маслиновото масло, во ваквите ситуации, истото, за жал може да направи приличен „хаос“ на кожата која е склона кон акни, па подобро е да не експериментирате.
Ашера | Црнобело