Подобро е да изедете два хамбургери отколку хамбургер и помфрит?!
Ако понекогаш не можете да ѝ одолеете на брзата храна, обидете се да одберете колку-толку поздрава опција. Иако нутриционистите најчесто препорачуваат да се избегнува секаква храна, наводно било подобро да изедете два хамбургери, наместо хамбургер и помфрит.
Се разбира, калориите што ќе ги внесете воопшто не се добри, но изгледа дека во оваа ситуација тие не се клучни.
Имено, наместо да ги броите калориите, обрнете внимание на составот на продуктите што ги консумирате и обидете се да имате балансиран оброк.
Кога станува збор за храната, потребно е да размислите за три компоненти – масти, јаглехидрати и протеини. Протеините се гориво за мускулите и подолго ќе ве држат сити.
Јаглехидратите даваат енергија, а мастите помагаат во апсорбирањето на витамините и минералите. Покрај тоа, со балансирањето на овие компоненти ќе го избегнете прејадувањето и ќе имате поголема контрола над чувството за глад.
Исто така, додека ги планирате оброците запрашајте се како се чувствувате два часа после јадење. Токму поради ова двата хамбургери се подобар избор од хамбургер и помфрит.
Лебот со месо, без додавање на кашкавал или намази, има околу 300 до 400 калории. Овие калории доаѓаат од јаглехидратите во лебот, како и белковините и мастите од месото.
Од другата страна, порцијата помфрит има речиси ист број калории, но многу повеќе масти и јаглехидрати, а помалку протеини.
Замената на помфритот со хамбургер ќе го зголеми внесот на протеини, а истовремено ќе го намали консумирањето на масти и јаглехидрати. Бидејќи брзата храна веќе е богата со масти и јаглехидрати, а речиси и да нема протеини, овој едноставен совет ќе ви помогне да го одржите нивото на шеќер во крвта.
Доколу сепак не можете да ѝ одолеете на брзата храна и ве загрижуваат внесените калории, тогаш најдобро е да проверите колку треба да вежбате за да ги согорите. На овој начин можеби и ќе се убедите дека салатата е сепак подобар избор од брзата храна.
Спирова С. | Црнобело