6 факти за смрзнатата храна

Смрзнатата храна значајно им го олеснува животот на луѓето, особено на оние кои немаат време за готвење или за бескрајно шетање по маркетите и пазарите.

6-kul-fakti-za-smrznatata-hrana-01.jpg

Било да се работи за зеленчук, овошје, месо или смрзнати теста, сите тие имаат своја предност - можеме да ги најдеме во време кога не им е сезона или само да ги подгрееме во рерна и микробранова. Со тоа, за кратко време имаме целосен оброк.

Но, колку што има фанови, толку има и противници на смрзнатата храна.

Колкави се вашите познавања за неа? Прочитајте ги следниве интересни факти:

Во смрзнатата храна нема адитиви

Овие продукти се смрзнуваат веднаш штом се набрани или подготвени и поради тоа се исклучува секоја можност да се расипат или да бидат контаминирани со микроорганизми, што не е случај со повеќето свежи продукти.

Што е со хранливите состојки?

Многу луѓе веруваат дека со смрзнувањето се губат хранливи состојки. Тоа е мит - повеќе нутритиенти „убиваме“ со термичката обработка, отколку со смрзнувањето.

6-kul-fakti-za-smrznatata-hrana-02.jpg

Постои „замрзнувачко горење“

Одредени продукти ја менуваат бојата и структурата кога се смрзнати, но тоа не значи дека не се јадливи. Важно е да се чувани на правилна температура. За секој случај, помирисајте пред да јадете.

Губење на квалитетот

Секоја храна има одреден рок во кој останува практично свежа кога е смрзната. Месото може да остане свежо 8-10 месеци во вашиот замрзнувач, зеленчукот исто така, а овошјето нешто пократко, од причина што ја менува бојата и структурата на плодот.

6-kul-fakti-za-smrznatata-hrana-03.jpg

Здравје проследено со срцев удар

Чарлс Харпер, кој бил директор на „Конагра фудс“ промовирал дека смрзнувањето на продукти е корисно, затоа што ги имаме и во период кога не им е сезона. Истиот тој починал од срцев удар поради тоа што не ги следел своите совети за исхрана.

Кој ја измисли смрзнатата пица?

Постојат повеќе компании низ светот кои тврдат дека токму тие стојат зад смрзнатата пица. Иако нема конкретен доказ кој прв ја произвел, доволен е фактот што во маркетите сè уште може да најдеме смрзната пица, по пристапна цена, која откако ќе се испече е многу вкусна.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Суво овошје што не треба да го консумирате на празен стомак (без да го комбинирате со друга храна) Многу е важно како ќе го започнеме денот, а здравата исхрана може да и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg