8 производи на кои непотребно фрлате пари кога ги купувате во големи количини

Колку и да мислите дека некои работи се поисплатливи кога се купуваат на големо, понекогаш тоа непотребно ви ги празни џебовите.

8-proizvodi-na-koi-nepoterbno-frlate-pari-koga-gi-kupuvate-vo-golemi-kolicini-001.jpg

Многу од продуктите кои имаме навика да ги купуваме во големи количини, всушност го губат квалитетот и завршуваат во отпад, а парите се бадијала потрошени.

Нема потреба да чувате големи резерви од следниве производи:

1. Брашно

Со оглед на тоа што мора да се чува на температура не повисока од 20 степени, во средина со ниска влажност и во пакување низ кое циркулира воздух, во кујна не би требало да имате повеќе од 1-2 килограми брашно.

8-proizvodi-na-koi-nepoterbno-frlate-pari-koga-gi-kupuvate-vo-golemi-kolicini-1.jpg

2. Масла за готвење

Откако ќе го отворите маслото за готвење, не би требало да стои повеќе од 1 месец. Задолжително треба да стои на темно и ладно место.

8-proizvodi-na-koi-nepoterbno-frlate-pari-koga-gi-kupuvate-vo-golemi-kolicini-2.jpg

3. Зачини

Сите зачини мора да се чуваат на температура под 20 степени и на место со ниска влажност. Не ги чувајте во близина на пареа и преферирајте зачини во цели зрна, наместо сомелени.

8-proizvodi-na-koi-nepoterbno-frlate-pari-koga-gi-kupuvate-vo-golemi-kolicini-3.jpg

4. Кафеав ориз

Важно е да знаете дека откако ќе го отворите пакувањето кафеав ориз, не смее да го чувате на собна температура, туку во фрижидер. Затоа, купувајте мали количини за 1 до 2 оброци.

8-proizvodi-na-koi-nepoterbno-frlate-pari-koga-gi-kupuvate-vo-golemi-kolicini-4.jpg

5. Јаткасти плодови

Излупените јаткасти плодови траат само 2 до 4 недели кога се чувани на собна температура.

8-proizvodi-na-koi-nepoterbno-frlate-pari-koga-gi-kupuvate-vo-golemi-kolicini-5.jpg

6. Кафе

Откако ќе го отворите кафето, би требало да може да го испиете во текот на наредната недела. Ако сепак сакате да купувате поголеми количини, треба да го чувате во вакуумирани кеси во замрзнувач.

8-proizvodi-na-koi-nepoterbno-frlate-pari-koga-gi-kupuvate-vo-golemi-kolicini-6.jpg

7. Компири

Задолжително треба да ги чувате на температура помеѓу 13 и 18 степени, во добро проветрена просторија каде нема сончева светлина. Вака, компирот може да издржи најмногу 3 месеци.

8-proizvodi-na-koi-nepoterbno-frlate-pari-koga-gi-kupuvate-vo-golemi-kolicini-7.jpg

8. Мед

Откако ќе ја отворите теглата мед, може да издржи најмногу 1 година, но само доколку ја чувате подалеку од сончева светлина и високи температури. Секогаш е побезбедно да го купувате во мали порции.

8-proizvodi-na-koi-nepoterbno-frlate-pari-koga-gi-kupuvate-vo-golemi-kolicini-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Намирници што е најдобро да ги купувате замрзнати (според професионални готвачи) Бобинки, ракчиња и големи количини месо - кои продукти е подобро (и поекономично...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg