Трикови за веганско готвење за оние на кои им здодеал зеленчук на пареа
Менувањето на начинот на исхрана е навистина храбар процес, особено кога се исклучуваат многу намирници кои дотогаш биле „лепилото“ на оброкот.
Веганската кујна, на прв поглед, е тешка, бидејќи треба со ограничен број состојки да се создаде нешто вкусно. Но, тоа не е невозможно, бидејќи и веганските рецепти ја поттикнуваат креативноста.
Затоа, за да уживате во целосен вегански оброк подготвен дома, треба да:
Бидете креативни со намирниците
Правете комбинации кои претходно не ви паѓале на памет. Додавајте авокадо за масти, користете путери од јатки и додавајте семиња во салатите. Сето тоа ќе го подобри и вкусот и текстурата на храната.
Не се потпирајте само на варен зеленчук
По некое време зеленчукот ќе ви здодее. Смислете нови начини како да го комбинирате и подготвувате, за исхраната да ви биде разновидна.
Користете замена за млеко и павлака
Млекото од јатки и растителната павлака ќе ви помогнат да направите вкусни рижота или сосови за тестенини. Тие додаваат кремаста структура и се многу вкусни.
Заборавете и на веганските замени за месо
Ако знаете дека ќе ви недостига месо, не почнувајте со овој начин на исхрана. Но, ако сте решени, секогаш наместо вегански салами или шницли од соја можете да користите печурки, карфиол или артичоки.
Експериментирајте со зачини
Зачините може да ви помогнат да создавате цел нов свет на вкусови и комбинации, до степен што ќе заборавите на стандардните сол и бибер. Користете сушен босилек, оригано, магдонос, куркума, ѓумбир, цимет, лук и нивни комбинации за уникатен вкус.
Не штедете на квалитет
Купувајте квалитетни масла, оцет, сол и зачини. Тие се клучни во готвењето на секој вид храна, па дури и веганската.
Е. Д. | Црнобело