Почна сезоната на печени костени: Како позитивно влијаат на вашето здравје?
Костените имаат убав вкус и се една од омилените намирници во овој период од годината.
Се верува дека костенот е еден од првите продукти од природата кои луѓето почнале да го јадат, а од неговото брашно денес може да се прават леб и колачи за луѓето кои се чувствителни на глутен.
Ова се пет причини поради кои костените треба да бидат редовни на вашето мени:
1. Лесно заситуваат
Во 100 грама испечени костени има 245 калории, па затоа и важат за храна со висока енергетска вредност. Живиот костен има помала хранлива вредност, но со печење се зголемува концентрацијата на јаглехидрати и белковини.
2. Одлични се за лица алергични на глутен
Од костеновото брашно може да се прави тесто, а самиот костен можете да го изгмечите во пире или да го додадете во супа или десерти.
3. Ја подобруваат работата на цревата
Благодарение на костените, ќе се забрза цревната перисталтика и ќе имате редовно празнење и прочистување на организмот.
4. Ги чуваат бубрезите и срцето
Костените се богати со калиум, фосфор, незаситени масти, витамини А, Б и Ц, калциум, хлор и магнезиум, па тоа ги прави одлична храна за срцето и бубрезите.
5. Го подобруваат имунитетот и ги зацврстуваат коските
Содржината на минерали во костените ја подобрува работата на нервниот систем и го подобрува имунитетот. Доволни се само 80 грама костени дневно, за да задоволите голем дел од потребата за минерали. И што е најдобро, можете да уживате во прекрасен вкус додека се грижите за своето здравје.
Е. Д. | Црнобело