Јапонската храна е многу повеќе од суши - би пробале ли нешто од нивната трпеза?
Мисо супа
Мисо супата е омилена меѓу Јапонците. Се служи и за појадок и за ручек и за вечера, а се прави по неколку рецепти.
Мисото е всушност резултат на ферментација на сојата, а во супата се додаваат и тофу, млад кромид и лук, коренести зеленчуци, риба, печурки, компири или свинско месо.
Набе - јапонско грне
Слично како и кај нас, така и во јапонското грне се ставаат месо, зеленчук, печурки и по желба тестенини и сето тоа се вари, најчесто на пареа.
Се јаде во текот на целата година, но најдобро е во ладните месеци. Набето било омилена храна на сумо борачите.
Соба - интегрални шпагети
Ова се рачно подготвени интегрални нудли, кои во рестораните се навистина скапи, но се едноставни за подготовка дома.
Може да се јадат во супа или самостојно, со зеленчук и зачини.
Темпура - прженици од морски плодови и зеленчук
Темпурата се парчиња месо, риба или зеленчук потопени во ретка маса од брашно и јајца и пржени до крцкавост. Се јадат со соја сос.
Тонкацу - поховано месо и супа
Тонкацуто е јапонска верзија на познатата „бечка шницла“. Похованиот свински котлет се пржи во зеленчуково масло и се сервира со ориз, зеленчук и мисо супа. Често се користи и во сендвичи.
Удон - слично на рамен супа
Удонот е подеднакво попуалрен како и рамен супата. Нудлите се подебели, а може да се комбинира со тофу или со пржената темпура.
Е. Д. | Црнобело