Јапонската храна е многу повеќе од суши - би пробале ли нешто од нивната трпеза?
Кога се спомнува јапонска кујна, прво на што ни текнува се различните видови суши. Но, нивната традиционална трпеза е многу повеќе од тоа.
Ако имате прилика да патувате во Јапонија, не се плашете да експериментирате со нивната храна.
Ќе се изненадите колку вкусни оброци всушност имаат, како и дека во голем дел од нив воопшто и нема ориз.
Погледнете што Јапонците со задоволство јадат, а не е суши:
Свинско со кисел ѓумбир (Бута но шогајаки)
Навистина вкусно јапонско јадење кое може да го јадете и во ресторан, но и како брза храна.
Свинското е сечено на тенки парчиња и печено на скара, а потоа прелеано со прелив од соја сос, саке и житно масло.
Се сервира со салата од кромид и ѓумбир.
Супа со морски плодови (кампон)
Оваа супа потекнува од Нагасаки. Во нејзе има тестенина специјално наменета за ваков вид супа, морски плодови, парчиња свинско и зеленчуци, најпрво пржени, а потоа сварени во пилешка супа.
Фугу
Ризично, возбудливо и вкусно јадење, подготвено од филети од истоимената риба, која природно содржи токсини во делови од телото.
Затоа, подготовката на овој оброк е строго контролиран од јапонската влада и забрането е да се подготвува дома.
Гјоза - вид на јапонски пирошки
Полнето тенко тесто со месо или зеленчук, што всушност има кинеско потекло, но јапонците го прифатиле како нивни оброк.
Свежото тесто се полни со мелено свинско месо, зелка, лук, кромид и ѓумбир и кратко се пропржува во врело масло.
Гјудон - ориз со телешко
Типична јапонска брза храна со сварен ориз врз кој се ставаат тенки парчиња печено телешко или говедско месо.
Може да се додаде соја сос, карамелизиран кромид или меко сварено јајце.
Поховани прженици
Јапонците обожаваат пржена храна. Најчесто јадат пржени поховани парчиња пилешко месо, но може да се најде и свинско или телешко, како и парчиња риба или морски плодови. Најчесто се сервира со лимон, но може и без него.
Похованици на стапче (кушикацу)
Месо, парчиња риба, морски плодови или зеленчук набоцкани на стапчиња и потопени во смеса од брашно од компир и јајца, па во лебни трошки.
Се јадат со соја сос и свежа салата.