План за после прејадување: Никако не го прескокнувајте следниот оброк

На сите ни се случило да се прејадеме и потоа да имаме огромно чувство на вина поради тоа.

plan-za-posle-prejaduvanje-nikako-ne-go-preskoknuvajte-sledniot-obrok-01.jpg

Во ваква ситуација најлошо е тоа чувство на вина да го „разрешиме“ со тоа што ќе прескокнеме оброк. Но, секој нутриционист би се согласил дека прескокнувањето на оброци е големо „не“ во нивната работа.

Што тие би ве советувале во ваква ситуација?

Дури и едно прејадување е доволно да ве измести од вашиот зацртан пат, било да е тоа диета или план за здрава исхрана. Она што секој нутриционист би ви го кажал е да продолжите таму каде запревте.

Значи, не се обвинувајте премногу, но и не продолжувајте со старите навики, само затоа што еднаш погрешивте.

plan-za-posle-prejaduvanje-nikako-ne-go-preskoknuvajte-sledniot-obrok-02.jpg

Како да го направите тоа?

Доволни се само четири чекори за надминување на оваа ситуација и тоа:

1.Не се казнувајте со прескокнување оброци, ниту со поинтензивно вежбање.

2.Вежбајте и посветете се на вообичаените активности.

3.Проценете каде скршнавте и потрудете се веднаш да се вратите на планот за здрава исхрана.

4.Ако сакате да разговарате со некого за тоа, разговарајте.

Во ситуација на прејадување, простувањето на себе е најдоброто нешто што можете да си го дозволите. Не бидете престроги кон себе и надминете ја ситуацијата. Само така лесно ќе се вратите на зацртаниот план.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg