Дали е добро да се јаде лута храна во лето?
Иако ви се чини дека лутата храна не е е соодветна за во лето, сетете се дека во азиските земји, во Јужна Америка и во некои афрички држави, лутите зачини се неизоставен дел од традиционалните кујни.
Ефектот на лутата храна е поинтензивно потење, поради внатрешното загревање на телото и забрзувањето на крвотокот. Но, благодарение на потењето, организмот полесно се лади во текот на топлите денови.
Исто така, една од предностите на зачинетата лута храна е што е помалку подложна на расипување при летните температури, бидејќи активните состојки од лутите зачини ги „убиваат“ патогените организми и со тоа се продолжува рокот на траење.
Истиот ефект го има и врз нашиот организам. Според светските статистики и податоците на СЗО, најмала стапка на заболени од карцином на дебело црево има во Индија, Мексико и други држави каде традиционалната исхрана вклучува лути зачини.
Затоа, доколку сте љубител на лутите пиперки, феферонките, чилито и ѓумбирот, не двоумете се да ги додадете и во летните чорби и салати.
Секако, држете се и до правилото да не претерувате со количините и уживајте во омилените вкусови дури и на топло време.
Е. Д. | Црнобело