Намирници кои треба да ги избегнувате по пијанство
После бурна вечер со алкохол, следното утро за многумина е ноќна мора.
Главата ја чувствувате тешка, имате болки во зглобовите, грлото и устата ви се суви и посакувате да ја испиете цела вода, а веројатно и стомакот почнува да се собира и чувствувате глад.
И иако повеќето се обидуваат да му се спротивстават на мамурлакот со некој голем оброк кој ќе го потисне алкохолот, сепак тоа е грешка.
Медицинските експерти советуваат која храна треба да ја избегнувате кога сте мамурни:
Тешка и мрсна храна
Иако досега сте мислеле дека бурек со јогурт или богат тост е одлична идеја за појадок кога сте мамурни, тоа е најлошото што може да му го направите на телото.
Телото не може одеднаш да ги свари и алкохолот и тешката храна, а заради тоа ќе ви биде тешко многу подолго.
Протеин
Не претерувајте ниту со протеин и имајте го предвид балансот со јаглехидрати во оброците.
Шеќерот во крвта може да ви биде низок заради прекумерната количина алкохол, па направете си оброк кој се состои од протеин и јаглехидрати, балансирано.
Кафе и свеж сок од портокал или лимон
Иако мислите дека кафето ќе ве освести а природниот сок ќе ве освежи по пијанството, сепак тие може повеќе да ви наштетат ако се првото нешто што ќе внесете следното утро.
Земете балансиран оброк, а потоа може да пиете и кафе, проследено со многу вода која ќе ве држи хидрирани.
Алкохол
Веројатно нема потреба да се нагласува но сепак, заборавете на „клин со клин се избива“. Можеби моментално ќе ви ги ублажи симптомите, но потоа ќе се чувствувате уште полошо во текот на цел ден.
М. М. | Црнобело