Продукти кои можете да ги консумирате и по 10 години стоење во вашиот шпајз
Од мед до ориз, од кои видови храна можете слободно да чувате резерви со години во вашиот дом?
Лебот и јајцата мора постојано да бидат тазе, но некои продукти може да ги консумирате и по долго стоење во вашиот шпајз.
Тие можат да траат речиси засекогаш:
Мед
Иако на медот може да имате напишано рок на траење две години, тоа само значи дека е најдобро да го консумирате во тој рок, но не и дека потоа не смеете.
Медот кој е добро складиран може буквално да трае и со векови. Тоа е затоа што нема вода во него, па без влага бактериите не можат да се размножуваат.
Ако тој е кристализиран не значи дека се расипал. Се случила хемиска реакција и ќе го вратите во нормала само ако го отстраните капакот и отворената тегла ја ставите во сад со топла вода.
Морска сол
Модерната хималајска сол купена во 2010 година можете слободно да ја користите и денес. Солта нема рок на траење.
Но, не секоја сол, туку само природната сол собрана од морињата и океаните. Онаа другата која е преработена за исхрана и надополнета со хемикалии, како јод, и трае до 5 години.
Ориз
Оризот складиран во специјални контејнери во кои нема кислород може да трае и до 30 години.
За оризот да опстане подолго температурата треба да биде пониска, па така ако не планирате долго да го готвите ставете го во фрижидерот. Оризот може да стои со години.
Екстракт од ванила
Има причина зошто шишето вотка во замрзнувачот не смрзнува. Причината е затоа што чистиот алкохол не содржи вода. Поради истата причина тој и не се расипува, нема вода, па бактериите нема каде да се размножуваат.
Па, така екстрактот од ванила, кој е на база на чист алкохол, никогаш нема да се расипе. Алкохолот може да испари и екстрактот да има уште поинтензивен вкус.
Алкохолен оцет
Алкохолниот оцет е клучната состојка за зачувување на храната, па не е чудно што тој самиот нема рок на траење.
Белиот дестилиран оцет не го менува својот состав, за разлика од балсамико или црвениот оцет. Тие може да направат вашата салата да има малку поинаков вкус, но се совршено безбедни за консумација.
Инстант кафе
Обичното кафе може да се расипе за неколку месеци, но инстант кафето може да трае и до 20 години, а засекогаш во фрижидерот.
Обработувано е на посебен начин за да биде практично за користење.
С. С. | Црнобело