7 разлики во исхраната поради кои Јапонците се повитки од Македонците
Тие се познати како една од највитките нации на светот, а тајната, покрај во гените, е и во нивниот начин на исхрана.
Исхраната на Јапонците во голема мерка се сведува на ориз, риба и зеленчук, а додека ние Македонците не можеме да си го замислиме денот без месо, компири и сирење.
Начинот на исхрана во Јапонија е многу поздрав, отколку нашиот, па не е чудно што сите се толку витки.
Некои лекции од начинот на исхрана на Јапонците:
Нивните порции се мали
Во Јапонија не сакаат храна што останува во чиниите, па порциите им се помали за разлика од кај нас, па со тоа внесуваат и помалку калории на дневна база.
Јадат дома
Само 16% од Јапонците јадат надвор од дома еднаш или повеќе пати во седмицата. Тие си приготвуваат здрава храна во својот дом.
Имаат разновидно мени
Оброците им се избалансирани и покрај ориз, риба и зеленчук, кои им се основата, тие додаваат продукти зависно од сезоната.
Не внесуваат многу животинско месо.
Зеленчук и овошјето им се многу значаен дел од исхраната
Јапонците многу помалку страдаат од кардиоваскуларни болести благодарение на внесувањето на голема количина овошје и зеленчук секојдневно.
Супата им е задолжителна
Супата им е дел од поголемиот дел од оброците, а и кога готват тоа често го прават во течна форма за организмот да биде хидратиран.
Не пијат вода со оброците или кога го прават тоа внесуваат само мала количина.
Користат специфични зачини
Со помош на зачини и уникатен начин на приготвување ѝ даваат прекрасен вкус на храната, Поради тоа и внесуваат толку многу зеленчук на дневна база.
Не консумираат многу десерти
За разлика од нас, не консумираат толку многу десерти, а и кога го прават тоа, десертите не им се толку благи.
Често свежото овошје им е десертот.
Прочитајте и една навика од училишните клупи ги прави Јапонците долговечни, витки и вредни!
С. С. | Црнобело