Намирници кои ако ги консумирате во голема количина може да предизвикаат халуцинации
Супстанци кои предизвикуваат халуцинации може да се најдат во многу производи кои секојдневно ги користиме.
Најчесто се наоѓаат во зачините, познатите билки, па дури и во кафето и бобинките.
Па така, понекогаш немојте да се чудите ако после голема количина на одредена храна, почнат да ви се појавуваат халуцинации.
За да бидете безбедни, добро е да знаете кои намирници може да ви предизвикаат таков „проблем“:
Кафе
Според истражувањата, луѓето кои претерано консумираат кафе, често слушаат неразбирливи шумови и чувствуваат присуство на нешто необјасниво покрај нив.
Афионско семе
Десертите со афионско семе се многу застапени насекаде, но не треба да се претерува со консумирање на ова семе.
Последицата може да биде забрзано чукање на срцето, панични напади, како и халуцинации.
Дури, некои истражувања покажале дека претераното консумирање на афионско семе може да покаже позитивен резултат на тест за дрога, но за ова не гарантираме.
Лута чили пиперка
Чилито може да предизвика чувство на среќа, но во големи количини постои можност од интоксикација, па дури и халуцинации.
Бобинки
Посебно црниците, имаат сок кој во големи количини може да биде токсичен за човекот и предизвикува халуцинации ако претерате со нивно јадење.
Печурки
Многумина знаат за халуцинациските својства на печурките, но многу малку ги проверуваат пред готвење.
Понекогаш отровните печурки може да бидат измешани со оние кои ни се целосно познати, па затоа треба добро да се проверува.
Морско оревче
Може да се додава во печива и храна, но е строго забрането да се јаде чисто. Дури и 20 грама од овој зачин може да предизвикаат проблем со варењето и срцето, но и губење контрола врз однесувањето.
М. М. | Црнобело