Комбинации на храна кои може да му наштетат на вашето здравје
Сите сме свесни за тоа некои јадења не е добро да се мешаат со други, но сепак продолжуваме да го правиме тоа со секојдневните оброци.
Сепак, не е до толку трагично ако понекогаш си дозволиме да измешаме нешто, но постојат комбинации кои навистина лошо влијаат на дигестивниот систем.
Тоа предизвикува други проблеми, па затоа е најдобро да избегнуваме да јадеме некои јадења во еден оброк.
Погледнете кои комбинации на храна не се добри според специјалисти за исхрана:
Сендвич + кафе
Тостот е вкусен и брз појадок, но на тој начин се губат сите хранливи својства на кашкавалот, а простите јаглехидрати во лебот го спречуваат калциумот да се свари правилно.
Тоа влијае на нервниот и кардиоваскуларниот систем, а уште кога ќе се додаде кафе, нема никаква корист за здравјето.
Домати + краставици
Веројатно една од најдобрите комбинации за салата, но сепак, по некои истражувања, докажано е дека овие два зеленчука може да ги попречат биохемиските процеси во телото, а витамините нема да бидат правилно сварени.
Затоа јадете ги одвоено.
Компир + месо
За жал, на сите ни е добро познато дека ова е една од полошите комбинации на храна. Кога се јадат заедно тие создаваат нарушувања во телото, а предизвикуваат болка во желудник, грчеви, гасови и многу други проблеми.
Паста + мелено месо
Состојките кои овие две јадења ги имаат, кога ќе се помешаат создаваат опасна хемиска мешавина која може да доведе до здравствени проблеми.
Јадете ја пастата посебно или со зеленчукови сосови.
Пиво + кикирики
Ова е исто така една од најпопуларните комбинации за во друштво, но солената храна освен што е нездрава сама по себе, туку и ќе ве тера да пиете многу повеќе пиво – што не е одличен резултат.
Кога пиете алкохол, секогаш имајте вода при рака за да избегнете дехидрираност.
Млеко + банана
Оваа комбинација е многу популарна, посебно помеѓу следбениците на здравиот животен стил. Сепак, некои нутриционисти сметаат дека благото овошје треба да се консумира посебно.
Тие секако остануваат подолго во телото и го забавуваат дигестивниот систем, посебно кога се мешаат со нешто друго, како млеко.
М. М. | Црнобело