Неочекувани работи и факти кои секој „зависник“ од кафе треба да ги знае
Доколку и вие сте од оние на кои денот не може да им започне без шолја кафе, тогаш има неколку работи кои треба да ги знаете.
На дневно ниво, во светот се консумираат повеќе од 2.25 милијарди шолји кафе, но колку од овие љубители всушност знаат нешто повеќе за него?
Прочитајте неколку интересни факти кои можеби досега не сте ги знаеле:
Вистинско време за кафе
Ако пиете кафе редовно, тогаш мора да го одберете и вистинското време, според нивото на кортизол во телото.
На повеќето луѓе им е високо нивото помеѓу 8 и 9 часот наутро, па најдобро е да го пиете околу 9:30 часот.
Интеракција со лекови
Германски научници откриле дека комбинацијата на аналгетици со кафе значително го подобрува нивниот ефект.
Времетраење на дејството
Ако го испиете утринското кафе во 9 часот, тогаш до 13 часот ќе има уште многу малку кафе кое ќе има дејство врз вас.
А, ако го испиете после 15 часот, ќе има дејство до приквечерните часови и ќе спречи да заспиете.
Кафето влијае на резултатот во спортот
Кофеинот го зголемува нивото на адреналин во телото и ослободува масни киселини од масното ткиво, што доведува до подобри резултати ако пиете кафе пред тренинг.
Кафето првично се јадело
Кафето не секогаш се користело како пијалак. Луѓето во Африка во минатото, ги мешале кафените зрна со маста од животните и го подготвувале тоа на начин за јадење кое дава енергија.
М. М. | Црнобело