Во што е тајната на сината храна?
Благодарение на детокс баровите, пекарите и супермаркетите низ светот кои ја користат тајната состојка, Инстаграм е преполн со вкусни специјалитети во морско сина боја.
Ако таквите сини рецепти ви делуваат вештачки, неприродно и застрашувачки бидејќи сметате дека имаат еден тон боја, очигледно не сте запознаени со нивната тајна – синиот прав Blue Majik.
Се работи за екстракт во прав од сино-зелени алги, добиен од спирулина.
Полн е со витамин Б, протеини, ензими, минерали и аминокиселини со против-воспалително дејство. Може да го регулира варењето на храната и да спречи болести поврзани со мозочните функции.
Blue Majik е антиоксиданс помоќен за 22 пати од спанаќот и 6 пати помоќен од боровинките.
Прашокот се користи како додаток во разни коктели, смутија, овесни каши, мафини, колачи, ладно цедени сокови, па дури и во кафиња.
М. Д. | Црнобело