Кулинарски трикови со кои готвењето ќе ви биде задовoлство
Совршен сладолед со омилените чоколатца
Ако некогаш сте посакале сладолед со вкус на омилените чоколатца, не мора да го барате по продавници и слаткари. Само купете обичен сладолед од ванила или чоколадо и омилените чоколатца исечкајте ги на големи парчиња.
Измешајте ги и по желба малку измиксирајте за да се соединат. Уживајте во вкусот.
Домашен чипс
Земете неколку парчиња тортиља и исечете ги на триаголници, попрскајте ги со масло и сол и ставете ги да се печат на 230⁰С околу 10 минути. Во друг сад ставете го омилениот сос и грицките се подготвени брзо и едноставно.
Подгответе домашни лижавчиња заедно со децата
Ставете бонбони во различни бои на хартија за печење и ставете ги во рерна на 200⁰С. Веднаш штом ќе забележите дека ќе почнат да се топат, извадете ги и залепете ги стапчињата на растопените бонбони, но внимавајте да не се изгорите. Едноставен начин да ги израдувате децата и да поминете време со нив.
Печени јајца за повеќе луѓе
Кога треба да зготвите омлет за повеќе луѓе, за да не губите време, искршете ги јајцата, измешајте ги со малку млеко и смесата истурете ја во плиток плех кој ќе го ставите да се пече околу 20 минути, но постојано ќе го надгледувате.
Извадете го и исечете форми со калапи, па ќе добиете повеќе парчиња на интересен начин.
Печени јајца директно во калапи
Намачкајте ги калапите со масло и искршете по едно јајце во секое од нив. Додадете малку сол и бибер и печете ги 17 минути на 180⁰С. Сигурно ќе добиете многу пофалби, а рецептот е едноставен и не бара никаков талент.
М. М. | Црнобело