Кулинарски трикови со кои готвењето ќе ви биде задовoлство
Многу од нас сонуваат за тоа да станат искусни во готвењето и да знаат да подготват вкусни јадења, на брз и едноставен начин.
Повеќето сметаат дека за тоа е потребен посебен талент, како и многу слободно време, но со неколку трикови, сите ќе ја стекнат таа навика.
А, секое слободно време, може да се искористи за да исечкате или смрзнете некое јадење, па следниот ден оброкот да биде готов за 10 минути.
Неколку кулинарски трикови кои на сите ќе им бидат од корист:
Најлесен начин да испечете вкусни компири
Исечете ги компирите на пола, зачинете ги со сол и истурете врз нив малку маслиново масло. Наредете ги на хартија за печење со внатрешната страна свртена надоле и печете ги на 205⁰С околу 30-40 минути. Проверете со виљушка дали се готови и уживајте во ручекот.
Замрзнете ги питите пред печење
Многумина се прашуваат како да го спречат навлажнувањето на тестото од филот кој се топи додека питата се пече. Едноставно решение е пред ја печете да ја смрзнете, па така кога ќе ја ставите на печење, долниот дел од тестото ќе има време да се запече и стврдне пред филот да се растопи и да го натопи. Но, пред да ја смрзнете не заборавајте да ја ставите во фолија.
Чувајте смрзнат исечкан кромид за секогаш да бидете подготвени
Овој трик ќе ви помогне кога ќе мора набрзина да подготвите месо, манџа или нешто друго за што ви е потребен кромид, а нема да треба да губите време да го лупите и сечете или пак, да трчате да купувате.
Однапред излупете го, исечкајте го и ставете го во замрзнувач спакуван во кесичка за замрзнување.
Од остатокот од тестенини можете да направите уникатни мафини
Одличен начин да ги искористите тестенините кои ви останале од претходниот ден. Измешајте ги со зеленчук или некој сос и ставете ги во калапи за печење. Одозгора изрендајте кашкавал и замрзнете ги, па кога ќе сакате извадете ги и ставете ги да се загреат.
Замрзнати маринирани стекови
Кога ќе имате слободно време, подгответе маринада и стекови кои ќе ги замрзнете во кесичка и кога нема да имате време за готвење или ќе бидете преуморни, само извадете ги и испечете ги.