Имавте бурна ноќ? 10 природни лекови што ќе ве ослободат од мамурлакот
Сигурно знаете дека ќесичките чај на очите се одличен начин за ослободување од подочниците по бурната ноќ, но еве уште неколку трикови.
Караоке со пријателите или добро танцување на подиумот во диско, сите сакаме одвреме навреме забавата да ја залиеме со алкохол, но понекогаш последиците прават да се покаеме за тоа.
Денот по забавата знае да биде вистинска борба за да станете од креветот. Нагон за повраќање, главоболки, болка во мускулите, проблеми со варењето, дехидрираност се само дел од маките.
Еве 10 начини на кои ќе се ослободите од мамурлакот:
Пијте многу вода - и додека косумирате алкохол и пред да си легнете, бидејќи алкохолот го дехидрира телото.
Напијте се пиво кога ќе станете – иако звучи чудно, пивото ќе им даде обратна насока на ефектите од мамурлакот.
Користете мраз – мамурлакот се одразува и на вашето лице, па со помош на коцки мраз намалете ги отоците.
Избегнувајте масна храна – иако сте гладни, следниот ден не внесувајте храна со маснотии, ќе ви биде тешко и може да добиете нагон за повраќање.
Јадете лесен појадок – внесете јаглени хидрати за појадок и изборот на храна нека ви бидат лесни продукти.
Истријте нане на вашето тело – ако ноќта истриете малку нане во пределот на носот, утрото при станувањето ќе се чувствувате посвежо. Истријте го и вашето чело со неколку капки масло од нане.