Зошто никогаш не треба да ставате бибер на храната во ресторан?

Како што најверојатно сте слушнале досега, менијата се наведени како едно од најнехигиенските и најбактериолошки нечисти предмети во рестораните.

Zosto-nikogas-ne-treba-da-stavate-bibder-vo-restoran-01.jpg

Додека многуте мрсни прсти поминуваат преку страните на тие менија секојдневно, навистина не е изненадување како стигнало до тоа да бидат прогласени за најнечистото нешто во рестораните.

Сепак, ќе бидете изненадени од тоа што е второ на листата на најнечисти работи во ресторан: биберникот. Да, овој на прв поглед сосема безбеден предмет е очигледно рај за нечистотии и бактерии.

Биберниците најчесто само се пребришуваат со крпа само кога е видливо дека се нечисти. Тие содржат скоро 11.600 бактерии, а се предмети коишто ретко се менуваат или мијат.

Ако сè уште не сте се згрозиле, тогаш ова ќе ве загрижи дополнително: биберниците можат да бидат можен извор на алергии. Да, токму така. Биберниците може лесно да станат контаминирани кога на некој не сакајќи ќе му падне храна во нив.

Доколку се сметате себеси за љубител на бибер, ќе мора да ве разочараме, но би било мудро да го избегнувате биберот кога одите во ресторани. Сепак, не знаете каде бил и кој го употребувал претходно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Порции од врвни ресторани во светот – од нив нема да се најадете, но ќе платите за искуството Какви специјалитети се служат во рестораните со Мишелин ѕвездички? Погледнете ка...
Путер, јајца, млеко – дали и колку време е безбедно да ги чувате овие намирници надвор од фрижидерот... Несоодветното чување на храната со себе носи многу опасности. Што се&nbs...
8 (здрави) намирници со кои мора да бидете умерени – некои предизвикуваат труење Пиењето многу вода може да го разреди натриумот во крвта, додека јадењето само п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg