5 производи кои не треба и 5 кои треба да ги измиете пред консумирање

Уште од деца нé учеле дека мораме да ја миеме храната пред јадење, и тоа речиси секоја храна.

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-001.jpg

Но, малкумина знаат дека некои производи не само што не треба да се мијат пред да ги консумираме, туку миењето предизвикува штета и ширење на бактерии.

За да не правите грешки во иднина, прочитајте кои 5 производи не треба, а кои треба да ги миете пред да ги консумирате:

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-11.jpg

Јајца

Пред да се пуштат во продажба, јајцата поминуваат низ процедура на „премачкување“ со заштитна обвивка за да не може микроорганизмите да навлезат во лушпата. Потоа, се мијат, оваа обвивка се отстранува и се става друга тенка обвивка направена од минерали безбедни за здравјето на човекот. На крај, се пуштаат во продажба.

Не е потребно дополнително миење бидејќи ќе се отстрани тенката заштитна обвивка.

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-02.jpg

Свежо пилешко месо

Бактериите на свежото пилешко месо се многу опасни за нашето здравје, а најпозната меѓу нив е салмонелата. Миењето на пилешкото со вода пред да го зготвите не ги отстранува овие бактерии, туку тие преминуваат во мијалникот или на вашите раце.

Познатите светски готвачи советуваат двапати да го сварите пилешкото. Откако ќе го сварите првиот пат, променете ја водата и продолжете да го готвите пилешкото со нова вода. Така сите бактерии ќе исчезнат.

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-03.jpg

Месо

Исто како пилешкото, и другите видови на свежо месо не треба да ги миете бидејќи бактериите може да се распространат насекаде. Пред да го подготвите, течноста од месото впијте ја со хартиена крпа или салфетки. Потоа, измијте ги рацете со сапун и топла вода и продолжете со готвење.

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-04.jpg

Тестенини

Не е познато од каде излезе теоријата дека треба да ги миете тестенините пред да ги подготвите. Водата го отстранува скробот и им го менува вкусот на тестенините.

Можете да ги измиете откако ќе ги сварите ако планирате да правите салата со тестенини. Ако планирате да ги јадете со некој сос, само процедете ги, нема потреба да ги плакнете со вода.

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-05.jpg

Печурки

Не треба долго да ги држите печурките потопени во вода. Тие имаат голема моќ на апсорбирање. Добро исушете ги со хартиена крпа, а ова правете го само пред готвење на печурките.

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-06.jpg

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-12.jpg

Овошје и зеленчук со лушпа што може да се јаде

Ако лушпата на овошјето и зеленчукот е сјајна кога ја купувате, тоа не значи дека не треба да се мие дома. Свежото овошје и зеленчук треба секогаш да го миете, без исклучок, и тоа само со вода.

Потоа избришете ги со хартиена крпа.

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-07.jpg

Конзервирана храна

Бактериите не можат да навлезат во хранат благодарение на капачето, но морате да ја измиете конзервата од надвор пред да ја отворите бидејќи постои ризик да навлезат бактерии ако не го направите тоа.

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-08.jpg

Овошје и зеленчук со лушпа што не се јаде

Без разлика колку добро ги миеме овие производи, бактериите од лушпата сепак може да навлезат во делот од овошјето или зеленчукот што се јаде.

Затоа, треба да ги миете и бананите, дињите, лубениците и други овошја и зеленчук со лушпа што не се јаде.

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-09.jpg

Јаткасти плодови

Секогаш мијте ги јаткастите плодови како бадеми или ореви. Никогаш не можете да знаете каде биле чувани и како биле пренесени. Водата ја отстранува и фитинската киселина која ја има во сировите јаткасти плодови.

Таа служи да го заштити растението од штетни организми, но може да предизвика проблеми со здравјето на човекот.

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-13.jpg

Суво овошје

Овие производи се сметаат за едни од највалканите, а ова посебно важи за оние кои се продаваат на мерење. Но, и оние кои се ставени во кеса или кутија треба да се измијат пред јадење, а најдобро е да ги оставите да отстојат во вода неколку часа.

5-proizvodi-koi-ne-treba-i-5-koi-mora-da-gi-izmiete-pred-konsumiranje-10.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Традиционални јадења од европските земји што мора да ги пробате барем еднаш Не може да одите во Италија, а да не пробате оригинална италијанска маргарита. В...
8 (здрави) намирници со кои мора да бидете умерени – некои предизвикуваат труење Пиењето многу вода може да го разреди натриумот во крвта, додека јадењето само п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg