10 причини поради кои постојано чувствувате глад

Дали често ви се случува да имате потреба да грицкате нешто, без разлика што неодамна сте се најале?

10-prichini-poradi-koi-postojano-chuvstvuvate-glad-01.jpg

Понекогаш тоа е нормално, но има и случаи кога „потребата за глад“ е поттикната од нешто друго.

Ќе ви откриеме 10 причини поради кои е можно да чувствувате глад, а не сте вистински гладни:

1. Не сте гладни, туку жедни

Ако неодамна ручавте и се најадовте, а сепак по кратко време сакате повторно да јадете нешто, сетете се кога последен пат се напивте вода.

Ако било одамна, напијте се една чаша и почекајте. Чувството на глад ќе исчезне и ќе сфатите дека не ни постоело.

Правило: Пијте постојано течности. Пијте многу вода наутро и задолжително половина час пред секој оброк.

10-prichini-poradi-koi-postojano-chuvstvuvate-glad-02.jpg

2. Празни калории

Понекогаш се залажувате да јадете нешто што ви е вкусно, но тоа всушност не е доволно хранливо и брзо огладнувате. Тоа е пример со грицките кои ќе ве подујат, но нема да ве најадат.

Правило: намалете ја количината на јаглехидрати, јадете повеќе здрава храна.

10-prichini-poradi-koi-postojano-chuvstvuvate-glad-03.jpg

3. Недостаток на сон

Спијте 7-8 часа навечер и чувството на глад нема да ве разбуди. Кога спиеме, телото лачи хормон мелатонин, кој не само што е одговорен за правилна функција на органите, туку и за нашиот изглед.

Правило: Легнувајте си до полноќ, така ќе изгледате свежо, убаво, а и нема долго да останете гладни.

10-prichini-poradi-koi-postojano-chuvstvuvate-glad-04.jpg

4. Погрешно справување со стресот

Има 2 типа на луѓе кога станува збор за справување со стрес – едните „се дават“ во храна, а другите не можат да погледнат храна. Ако сте од првите, треба да знаете дека во тие моменти не сте гладни вистински.

Правило: Стресот не се решава со јадење слатки и сѐ што ќе видите во фрижидерот. Разговарајте со блиските, прошетајте на воздух, спортувајте, прочитајте книга или гледајте убав филм.

10-prichini-poradi-koi-postojano-chuvstvuvate-glad-05.jpg

5. Несоодветно мезе

Алкохолот го стимулира апетитот. Затоа, пред забава со пријателите, добро е да го осмислите менито, за да не јадете премногу.

Правило: Oдберете лесни и здрави грицки. Постои соодветна храна за секој пијалак. На пример, за да го откриете вкусот на црвеното вино, одличен избор се брускетите со печен зеленчук.

10-prichini-poradi-koi-postojano-chuvstvuvate-glad-06.jpg

6. Недостаток на протеин

Не заборавајте да вклучите протеини во исхраната, бидејќи така ќе имате повеќе енергија и ќе се чувствувате посити.

Правило: Овошјето и зеленчукот секако се добри и треба да ги јадете, но како основа на оброкот мора да имате и протеин.

10-prichini-poradi-koi-postojano-chuvstvuvate-glad-07.jpg

7. Недостаток на соодветни масти

Има различни типови на масти. Брзата храна, пржената храна, брашното – овие маснотии треба да ги избегнувате и да ги јадете колку што е можно поретко. Корисните масти ги има во малсиново масло, црвената риба, јаткасти плодови, авокадо, семки...

Правило: Едноставно, јадете храна која содржи корисни масти кои нема да ви наштетат и да ви направат тешко на организмот и секако, се похранливи.

10-prichini-poradi-koi-postojano-chuvstvuvate-glad-08.jpg

8. Немате режим

Обично, најдобро е да имаме по 5 оброци на ден – доручек, ручек, вечера и две ужини измеѓу кои не треба да ги пропуштите. Ако не ги распоердите добро и изедете наеднаш повеќе работи, кога ќе дојде време за другиот оброк потсвесно ќе мислите дека треба пак да јадете.

Правило: Јадете мали порции на еднакви интервали секој ден, а не сѐ одеднаш.

10-prichini-poradi-koi-postojano-chuvstvuvate-glad-09.jpg

9. Храна на Инстаграм

Секако, најновите трендови се дека храната мора да се слика и да се објави на социјалните мрежи. А тоа предизвикува кога вие ја гледате да посакате да јадете иако всушност не сте гладни.

Правило: Обидувајте се што помалку да гледате слики од храна.

10-prichini-poradi-koi-postojano-chuvstvuvate-glad-10.jpg

10. Јадење „на нога“

Уште од мали сите сме научени дека не треба да брзаме со јадењето. Дајте му време на мозокот да разбере дека сте јаделе и сте најадени, за подоцна да немате потреба повторно од храна.

Правило: Релаксирајте се и однесувајте се кон оброците како кон ритуал кој ви причинува задоволство.

10-prichini-poradi-koi-postojano-chuvstvuvate-glad-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg