Tрикови со кои ќе почнете да готвите почесто
Кој не би сакал сите ручеци и други оброци да му бидат брзо и лесно подготвени, па уште и да бидат превкусни?
Но, знаеме дека за подготовка, повеќето работи одземаат време и за многумина е тешко и незамисливо, но не и невозможно.
Издвоивме неколку трикови со кои ќе ви биде полесно да исчистите некое овошје, побрзо да ви стаса тестото, или да направите некој десерт:
Дрвена лажица ќе ви помогне да исчистите калинка за неколку секунди
Пресечете ја на две половини, удирајте одозгора со дрвена лажица и наполнете го садот со вкусно овошје.
Изрендајте го тврдиот путер
Ако путерот ви е многу тврд, наместо да се мачите да го мачкате, изрендајте го. Така полесно ќе се распореди.
Тестото ќе „стаса“ побрзо во микробранова
Ако на тестото му е потребно долго време за да се подигне, ставете сад со вода во микробранова и оставете да зоврие. Потоа ставете го покриеното тесто во микробранова, а водата нека стои уште таму. Пареата ќе помогне побрзо да стаса тестото.
Совршено јајце на око со помош на кесе
Ставете малку путер во внатрешноста на мало кесе и скршете го јајцето внатре. Заврзете ја кесичката што е можно поблиску до јајцето за да ја одржи својата форма и ставете ги во зовриена вода 3 минути.
„Блендирано вино“ за поубав вкус
Овој метод ќе го подобри вкусот на виното, посебно на младото. Истурете го во блендер и миксирајте 15-20 секунди, па оставете пената да се повлече. Уживајте во пијалакот!
Брзо кршење на варени јајца
Ако сакате побрзо да го искршите свареното јајце, ставете го во стаклена чаша со вода и тресете неколку секунди. И јајцето е излупено!