Храна и пијалаци кои е подобро да ги одминете во супермаркет
Со убаво пакување, можете да продадете апсолутно сè. Но, ако зборуваме искрено, честопати не ни знаеме што точно купуваме.
Ова незнаење подоцна може да се одрази на нашето здравје.
За да не се доведете во таква ситуација, подобро е да ги одминете овие производи додека купувате во супермаркет:
1. Спакувани зелени салати
Бактериолозите предупредуваат – најопасниот продукт кој се наоѓа во супермаркетите се зелените лиснати салати, спакувани во пластики или фолии. На тој начин доволна е една бактерија на едно ливче, за целиот плод да се зарази. За да се заштитите секогаш купувајте свежи салати од пазар и внимателно мијте ги лист по лист.
2. Преработени салами и колбаси
Преработеното месо содржи канцерогени клетки, а и не е многу богато со хранливи вредности. Наместо тоа, одберете парче свежо месо кое може да го зготвите сами.
3. Сварени чаеви
Сварените чаеви во пластични шишиња, како на пример пакуваниот зелен чај, нема ни приближно количество на антиоксиданси како кога би го вареле дома. Плус, во пакувањето има многу повеќе шеќери, скоро колку во газираните пијалаци.
4. Храна со овошни адитиви
Сè што е полно со овошни преливи изгледа неодоливо, но имајте на ум дека свежото овошје никогаш не би издржало толку долго. Всушност, она што ви е неодоливо се само ароми, желеа и адитиви. Многу подобро е сами да ставите свежо овошје во лиснато тесто или во овесната каша, за да бидете сигурни дека не се полните со хемикалии.
5. Леб
Пакуваниот леб никогаш не може да биде подеднакво вкусен или здрав како штотуку испечениот. За да издржи во целофаните и кесите, мора да има некакви додатоци кои го зачувуваат тестото во иста состојба подолго време. Но, дали истите се неопходни за вашето тело? Секако дека не. Затоа, купувајте тазе леб од пекари.
М. Д. | Црнобело