8 чести кулинарски грешки што сите самоуверени домаќинки ги прават (а не треба)
Јајцето го кршите од работ на садот, па внатре ви паѓаат лушпи, не пробувате дали месото за ќофтиња е доволно зачинето? Колкупати ви се случило несвесно да направите некоја од овие кулинарски грешки?
Речиси сите ние имаме некои навики во готвењето што ни помагаат побрзо да завршиме со подготовката на храната, но, понекогаш од брзање често се случува да направиме непромислени грешки заради кои домашно подготвениот оброк оди во канта за отпадоци.
Ги правите ли овие грешки?
Ги кршите јајцата од работ на садот во кој ги матите
Најчеста навика е да ги кршиме јајцата од работ на садот во којшто ги матиме, но на тој начин во јајцата може да ни паднат лушпи, а со нив и нечистотии, или пак да ја оштетиме жолчката што ќе биде проблем доколку треба да ја одвоите.
Најдобро е јајцето да го скршите од друга рамна површина или пак, да го скршите со нож.
Не додавате масло на варениот зеленчук
Многумина избегнуваат да додаваат масло во варениот зеленчук сметајќи дека на тој начин храната е поздрава.
Но, само неколку капки масло може да направат зеленчукот да ја задржи бојата и да стане посјаен, а не заборавајте и дека витаминот А, што го има во морковите и тиквата подобро се разложува во масти.
Не ги подготвувате состојките пред да почнете да готвите
За да избегнете да ви загорат одредени состојки, најдобро е сè да биде добро подготвено и исечкано пред да почнете со готвење.
Сите познати кулинари го прават ова и на тој начин не губат време и не се дефокусираат додека готват.
Не носите ракавици кога сечкате лути пиперки
Секој што сечкал или што лупел лути пиперки знае дека капсаицинот, односно лутата состојка не се мие толку лесно, па потоа со часови имате чувство дека рацете ви горат.
Уште полошо е ако ненамерно се допрете за очите или за носот. Наместо да се фокусирате на готвењето, главна преокупација ќе ви биде како да се ослободите од непријатното чувство.