Корисни трикови како да откриете дали намирниците се свежи и вкусни или расипани и незрели
Не го купувајте пилешкото месо ако има вода во амбалажата или ако има многу црвена боја. Кои други трикови и совети ќе ви помогнат да го процените квалитетот на храната?
Во продавница, некогаш се чини невозможно да го одредиме квалитетот на некој продукт.
Кога, пак, сме дома, може да биде проблематично да оцениме дали некоја храна е расипана, особено ако не се сеќаваме кога сме ја купиле или ни изгледа сомнително.
Во продолжение, неколку трикови што ќе ви се најдат во вакви ситуации:
Тиква
Можеби сте забележале дека повозрасните чукаат на тиквата пред да ја купат. И, овој трик е навистина ефикасен за проверка на квалитетот.
Кога нежно ќе чукнете на тиквата, звукот треба да биде погласен, како да е шуплива.
Исто така, обрнете внимание и на надворешноста – тиквата треба да биде тврда на допир и да нема темни дамки.
Кисело млеко, павлака и слични млечни продукти
Неретко луѓето мислат дека продуктите како кисело млеко се расипани ако на нивната површина има малку вода.
Ова не е воопшто точно – само промешајте го продуктот и слободно изедете го.
Кога се расипани, овие продукти имаат непријатен мирис и воочлива промена во нивната боја.
Јагоди
Иако големите јагоди изгледаат попримамливо, помалите имаат подобар вкус.
Исто така, обрнете внимание и на нивната боја – ако имаат зелена или жолта нијанса, тогаш не се потполно зрели и нема да бидат многу благи и сочни.
Важна е и аромата. Односно, јагодите кои имаат посилен мирис се повкусни.
Пилешко месо
Немојте да го купувате или консумирате пилешкото месо ако има вода во неговата амбалажа.
Исто така, месото не е добро и ако има многу црвена боја.