„Толку се добри, би ги готвел секој ден“ – Џејми Оливер го сподели рецептот за совршенo печени компири

Со текот на годините, Џејми Оливер, еден од најпознатите готвачи во светот, го усовршил рецептот за совршен печен компир кој има крцкава кора, а внатре е сочен и мек.

Recept-na-Dzejmi-Oliver-za-sovrsheno-pecheni-kompiri-01.jpg

Познатиот готвач нагласува дека компирот како намирница се одликува со едноставна подготовка, но сепак има неколку трикови кои се клучни за да ја направите оваа храна совршена.

Тој нагласува дека е многу важно компирите да ги подготвите еден ден порано пред да ги испечете.

Потребни состојки:

  • 2,5 kg компири со средна големина
  • 4 лажици маст или несолен путер
  • маслиново масло
  • една главица лук
  • половина китка свежа жалфија или рузмарин морска сол

Recept-na-Dzejmi-Oliver-za-sovrsheno-pecheni-kompiri-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Изберете компири со приближно иста големина и излупете ги.
  • Гответе ги во тенџере со топла, солена вода околу 15 минути.
  • После тоа, оставете ги компирите во цедалка да се готват на пареа околу две минути – тоа ќе помогне маснотијата подобро да се залепи на компирот.
  • Во тавче ставете маст или несолен путер и една лажица масло, па додадете ги компирите и посолете со многу морска сол. Потоа, протресете ја тавата за маснотиите да ги премачкаат компирите, а потоа наредете ги компирите да бидат во еден слој и да има мала празнина меѓу нив.
  • Покријте го садот за печење со алуминиумска фолија и оставете го во фрижидер неколку часа пред да ги готвите, по можност преку ноќ.
  • Кога ќе сакате да ги зготвите, загрејте ја рерната на 180 степени.
  • Главицата лук поделете ја на чешниња (не мора да ги лупите) и ставете ги во тавчето со компири. Печете ги компирите околу еден час, додека не добијат златна боја и не станат крцкави.
  • Извадете ја тавата од рерна, но внимавајте – специјалитетот сè уште не е завршен! Со алатка за пасирање, нежно притиснете ја површината на печените компири за да го пополнат целиот простор во тавата.
  • Ставете неколку листови жалфија или рузмарин, посипете малку маслиново масло и продолжете со печење уште 20-25 минути.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg