Два брзи и лесни рецепти кои вреди да ги послужите на посната трпеза за Св. Никола
За Св. Никола, другите посни слави или во кој било друг ден, вреди на трпезата да ги принесесе вкусните рецепти на нашиот Давор - предложуваме брза пита со зелка и торта со бисквити и вишни.
фото: Dave’s Kitchen
За голем дел од домаќинките посната слава за Свети Никола претставува вистински предизвик затоа што можеби и се чувствуваат помалку ограничено во изборот на рецепти. Се чини дека секоја година трпезата изгледа слично.
Во продолжение погледнете два рецепти од Давор Панчевски, познат како Dave’s Kitchen што може да ви послужат доколку и годинава се подготвувате за посната слава за Свети Никола.
Станува збор за рецепт за редена торта со бисквити со два вида овошен фил и чоколадо, што одлично може да послужи како десерт, но и за брза пита со кисела зелка, којашто се подготвува со „стуткани“ готови кори.
Посна пита со зелка со стуткани готови кори
Потребни состојки:
- 350 ml кисела вода;
- 130 ml масло за јадење;
- 1 ќесичка прашок за печиво;
- 500 g готови кори за пита;
- 400 g кисела зелка (пропржена);
Начин на подготовка:
- Во подлабок сад киселата вода, маслото за јадење и прашокот за печиво се матат со маталка додека не се добие изедначена смеса;
- Врз оболжен плех со хартија за печење се распоредуваат две цели готови кори за пита;
- Околу 5 до 6 кори се туткаат во топчиња и се распоредуваат врз целите кори сè додека во целост не се прекрие целата површина на плехот;
- Стутканите кори се попрскуваат со мешавината од кисела вода, масло за јадење и прашок за печиво;
- Врз корите се распоредува киселата зелка;
- Питата се прекрива со уште еден ред стуткани кори;
- Врз нив се става уште една цела кора и готовата пита се попрскува со остатокот од мешавината со кисела вода, масло за јадење и прашок за печиво;
- Питата се пече на температура од 190 степени Целзуисови, околу 40 минути, односно додека не добие златно-жолтеникава боја.
За подетално упатство погледнете го видеото: