Мини солени пити од палачинки, кои „пливаат“ во соја сос
-->
Ги сакаме претежно слатки, но тешко дека некој ќе ѝ одолее на оваа солена варијанта.
Кинеските палачинки со младо кромитче се еден предвесник на пролетта и богатите вкусови кои ќе ги чувствуваме на трпезата.
-->
Состојките се едноставни, подготовката прелесна, па нема зошто да не ги пробате.
Потребни состојки:
- 400g брашно
- 2,5 dl зовриена вода
- ½ лажичка сол
- 3 млади, што потенки, кромитчиња исечкани на кругови
- Сусамово или маслиново масло
- Соја сос за сервирање (или сос по желба)
Подготовка:
- Од брашното, водата и солта замесете тесто. Оставете 30-тина минути да отстои во пластична кеса или сад кој ќе го покриете со чиста крпа.
- Тестото поделете го на 6 топчиња и секое од нив развлечете го во облик на пита со помош на сукало.
- Премачкајте ги сите пити со масло и потурете ги со млад кромид.
- Тестото свиткајте го како палачинка, а палачинката завиткајте ја во круг, додека не добиете облик на полжав.
- Ставете го тестото неколку минути да отстои, а потоа тенко развлечете го повторно со сукало.
- Печете во тава со малку масло по 2-3 минути на секоја страна.
- Насечкајте ги добиените палачинки на триаголници и послужете со соја сос.
М. Д. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена)
Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус.
Еден од триков...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез
Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
-->