Традиционален полски колач „Бабка“ – совршен за студени зимски утра со кафе или чај

Совршено меко колаче кое одлично оди со кафе или чај, а децата ќе го обожаваат како слатка ужина. Овој колач е особено популарен во Полска и Украина, а доаѓа во повеќе варијации – со цимет, јаболка, суво грозје, мармалад, чоколаден крем итн.

Tradicionalen-polski-kolac-Babka-01.jpg

Потребни состојки:

За тестото:

  • 350g брашно
  • 40g шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 20g квасец
  • 100g омекнат путер на собна температура
  • 2 јајца
  • 150ml млако млеко
  • Малку сол

За филот:

  • 4 лажици чоколаден крем со лешници по избор
  • по желба може да додадете сечкани лешници, ореви…

Начин на подготовка:

  • Растопете го квасецот да нарасне со малку шеќер и малку млако млеко.
  • Во подлабок сад ставете го брашното и помешајте го со малку сол, во средината направете мала дупка и ставете го останатиот дел од млекото, едно јајце, квасецот кој веќе треба да е стасан, шеќерот, стопениот путер и замесете меко тесто.
  • Тестото треба да биде многу меко и лепливо. Покријте го добро и оставете го да нарасне 2 часа. Развлечете го тестото во правоаголна форма и премачкајте го со чоколадниот крем.
  • Завиткајте го во ролат и ставете го во замрзнувач најмалку 20 минути малку да се стегне.
  • Извадете го и пресечете го ролатот на половина. Двете половини сплетете ги една со друга како плетенка и префрлете го колачот во плех обложен со хартија за печење. Оставете го уште 1 час да нарасне уште малку.
  • Премачкајте го колачот со разматено јајце и печете го загреана рерна на 180°С околу 35 минути. Доколку сакате уште поблаго колаче кое ќе „свети“ може да го премачкате со малку стоплен мармалад по желба.

Tradicionalen-polski-kolac-Babka (3).jpg

Tradicionalen-polski-kolac-Babka (2).jpg

Tradicionalen-polski-kolac-Babka (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg