Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Десерт во шолја: Сладок француски тост

Францускиот тост во шолја е новиот револуционерен рецепт кој ќе ви ја смени перцепцијата за тоа како треба да изгледа вашиот појадок или десерт.

Francuski-tost-vo-caska-novo-slatko-zadovolstvo-01

Ванилата и циметот се состојките кои со својот богат вкус ќе направат ваше будење и појадок да бидат акт на хедонизам и вистинско уживање.

Ако пак се решите да го послужите како десерт, очекувајте само комплименти и молби за рецептот.

Всушност, подготовката е повеќе од едноставна:

Состојки:

  • 80 ml млеко
  • 2 поголеми јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ½ лажичка цимет
  • 1 лажица путер, стопен
  • 4 парчиња леб исечен на коцки
  • 1 лажица додатоци по желба (рендано чоколадо, суво овошје или јаткасти плодови) за секоја чаша
  • шеќер во прав и мед или овошен сируп за декорација

Начин на подготовка:

Во поголем сад измешајте ги млекото, јајцата, екстрактот од ванила и циметот.

Francuski-tost-vo-caska-novo-slatko-zadovolstvo-02

Премачкајте ја внатрешноста од чашките со путер.

Секоја од чашките наполнете ја до пола со леб и ставете додатоци (чоколадо, овошје или јаткасти плодови) и повторете ја постапката неколку пати.

Francuski-tost-vo-caska-novo-slatko-zadovolstvo-04

Секоја од чашките прелијте ја со мешавината од млеко, јајца, ванила и цимет.

Ставете ја секоја од чашките во микробранова на висока температура од минута до минута и половина.

Послужете го десертот во шолја топол и декориран со шеќер во прав и мед или овошен сируп.

Francuski-tost-vo-caska-novo-slatko-zadovolstvo-05

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чиа тирамису - нискокалорична верзија на омилениот кремаст десерт Вкусот на чиа тирамисуто е прекрасен, ист како на оригиналното тирамису, а сепак...
Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате. ...
Ролнички од тиквички, полнети со пармезан и пилешки гради Ролничките од тивички можат да бидат и главно јадење, но и прилог за месо. Се по...
Два посни рецепта со кои ќе ја збогатите трпезата на Св. Никола Пита со зелка или праз, риба, макало со компир и пиперки и посна сарма... без ни...
Торта со гриз и мак, без печење - се топи во уста Тортата се подготвува многу брзо, но мора да бидете трпеливи и да почекате некол...
Зошто сите „полудеа“ по Дубаи чоколадото и како да го направите дома? Во исто време е крцкаво и се топи во уста - сите што го пробале, се опседнале од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg