Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Топло варено вино за студените есенски вечери

Сите љубители на вино ќе се сложат дека нема ништо поубаво од чаша варено вино додека го гледате омилениот филм, а надвор температурите се спуштаат до самата нула.

Toplo-vareno-vino-za-studenite-esenski-veceri-02

Вареното вино е одличен начин за консумирање на црвено вино во текот на есента и зимата која ниските температури едноставно ве тераат да побарате некаква топла наивка.

Со следниот рецепт ќе можете да научите како да си направите вкусно варено вино и сами дома.

Потребни состојки:

  • 1 l црвено вино 
  • 250 ml вода
  • 4 лажици шеќер
  • ½ лажичка цимет во прав
  • 2 лажички каранфилче
  • портокал или мандарина исечени на тенки парчиња

Подготовка:

Во длабок сад ставете ги виното, водата и зачините.

Почекајте смесата убаво да зоврие и тргнете ја од оган.

Послужете во стаклени чашки во кои претходно сте ги додале исечените кругови портокал или мандарина.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg