Нов хит за слабеење: Црна лимонада
Пластично шише полно со црна лимонада е последниот хит кој се шири на социјалните мрежи кога е во прашање исхраната.
Иако на фотографиите изгледа одлично, а познатите блогерки се веќе луди по неа, најдобрата карактеристика не оваа лимонада е што таа е неверојатно здрава.
Не ви се верува дека нешто така црно може да биде природно и здраво? Грешите!
Необичната црна боја на лимонадата всушност се должи на активниот јаглен кое е добиен од тресет, кокосова кора и дрво.
Освен тоа лимонадата содржи и сок од лимета, лимон, вода и сируп засладувач (за подобар вкус).
Благодарение на овие состојки, црната лимонада се препорачува за детоксикација на телото, но и за намалување на вишокот килограми. А, комбинацијата од јаглен и витамин Ц е одличен лек против мамурлак.
Како да ја направите дома?
Во ¼ чаша вода додадете свежо цеден сок од 2 лимони, 1 лажичка активен јаглен и малку мед (за подобар вкус, може и без него). По желба може да додадете и 2 капки есенцијално масло од лимета и неколку зрна хималајска сол.
М. С. | Црнобело