Сладок шејк кој го топи целулитот
Дојде времето за брзо делување и ефикасни решенија, затоа што ако на време не почнавте да вежбате, тешко дека за неколку дена ќе ги облечете омилените бикини.
Затоа, вреди да го испробате овој сладок шејк кој делува брзо и ја ублажува видливоста на целулитот.
Антицелулитниот шејк би требало да го пиете наутро, наместо редовниот појадок сè додека имате потреба.
Шејкот ќе ви даде енергија, ќе ви го исчисти огранизмот и ќе ве ослободи од вишокот вода во телото.
Потребни состојки:
- Вода
- Спанаќ
- ½ банана
- ½ портокал
- 4-5 парчиња ананас
- Цимет
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете густа течност.
Еве зошто комбинацијата на овие состојки го постигнува саканиот ефект:
Спанаќот е одличен извор на железо и влакна. Го подобрува варењето и така помага при исфрлањето на штетните материи од организмот.
Портокалот е богат со вода, витамин Ц, влакна и антиоксиданси кои се добри за сјајната кожа.
Ананасот помага против задржување на течностите во телото и содржи антиоксиданси кои ја прават кожата здрава и затегната.
Бананата е полна со калиум и е одличен извор на витамин Б6, диетални влакна, витамин Ц и манган. Покрај тоа, помага при исфрлањето на течностите од телото.
Циметот ја стимулира циркулацијата, а сите знаеме дека целулитот се јавува како последица на проблемите со циркулацијата.
Водата е неверојатно важна заради тоа што ги исфрла штетните материи и насобраните течности од телото.