10 детали што треба да ги има во сечиј дом, според дизајнерка на ентериер
Уметнички дела, уникатна столна ламба и барем едно класично парче мебел - кои ситници можат да го разубават вашиот дом, според дизајнерка на ентериер?
Девон Лидке е дизајнерка на ентериер која смета дека постојат некои ситници што сите би требало да ги имаме во домот.
Ова се мали работи за кои обично не треба да се трошат многу пари, а притоа можат да направат голема разлика во изгледот на просторијата.
Советите од дизајнерката за тоа што треба да има во секој дом:
Убав прибор за јадење
Вреди да вложите во убав комплет чинии и прибор за јадење кои ќе одговараат на ентериерот.
Убавиот прибор веднаш ќе го подобри изгледот на трпезаријата.
Уметничките дела ја менуваат атмосферата во собата
Секое уметничко дело ѝ дава посебен шарм на просторијата, па не двоумете се дали да ги додадете во вашиот дом, а стилот нека биде зависно уредувањето.
Купете барем едно класично парче мебел
Класичните парчиња мебел секогаш се во мода и генерално изгледаат добро во скоро секаков ентериер.
Овие парчиња му даваат посебна топлина на домот и вреди да вложите во барем едно.
Книги како декорација
Ако сакате да читате, тогаш искористете ги вашите книги и како декорација.
Покрај изложувањето на полиците, навистина добро изгледаат таканаречените „книги за масичка“, кои можат да бидат и едукативни.
Обично овие книги се полни со информации за одредена тема, како филм, уметност, музика…
Украси со суви гранчиња
Во студените месеци, ќе додадете доза топлина во домот со сувите гранчиња.
Најдобро ќе изгледаат ако ги ставите во керамички вазни кои одговараат на ентериерот во вашиот дом.