10 трикови за уредување на домот со кои ќе си го подобрите расположението
Многу светлина
Немојте да ги криете прозорците со тешки завеси и дозволете ѝ на природната светлина да влезе во домот.
Самата изложеност на сонце може драстично да ни го подобри расположението и да го намали стресот, па искористете го ова максимално.
Закачете слики со природа
Не само растенијата, туку и сликите со пејзажи и природа можат да имаат смирувачки ефект.
Не го заборавајте пријатниот мирис
Постои причина зошто мирисливите свеќи се многу популарни.
Покрај пријатната арома, некои мириси, како ванила и лаванда, докажано имаат релаксирачко дејство.
Додајте ваш печат во домот
Без разлика дали станува збор за ваши фотографии, ваши уметнички дела или што било што ви значи, вреди да го искористите како украс.
Ова се предмети што ви причинуваат задоволство и што ве прават среќни, па ако ги гледате почесто, ќе се чувствувате колку-толку подобро.
Секако, само не претерувајте – не го трупајте просторот за да не го постигнете спротивниот ефект.
Направете промена во домот
Промените можат да ни бидат од голема корист и всушност можат да ни го подобрат расположението.
Се разбира, не можете да реновирате секоја година, но за да го почувствувате овој ефект некогаш доволно е само да направите нов распоред на мебелот или да замените некое поголемо парче со нешто ново.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





