Инспирација за есенски декорации во вашиот дом од стан во Скопје (фото)
Од декорации со перничиња со есенски мотиви и тикви до чинија со есенски колачиња и топол чај, домот на Боро од Скопје е топло прибежиште во студените денови.
Есента пристигна, а со тоа и постудените денови, па време е и за освежување на ентериерот во нашите домови со есенски мотиви.
Време е за вадење на ќебињата, перниците и доминација на тоновите како портокалово, кафеаво, жолто и бордо.
Боро Секуловски од Скопје веќе ја „донесе“ есента во својот дом, а фотографиите од уредувањето на неговиот дом со есенски мотиви се навистина инспиративни.
Боро открива неколку тајни за совршена есенска атмосфера во домот:
Префрлете некој шал на стол или во плетена корпа.
Eсенските цвеќиња се многу значајни за есенскиот декор - такви се зимската хризантема и Цаллуна тоа е цвеќето што ќе го забележите на фотографиите во виолетова боја. Двете цвеќиња се идеален декор за есенскиот период.
Неизбежен декор секако се украсните тикви (може да дојдат предвид и дуњи и јаболка, кои се поедноставни за набавка).
Мој предлог се портокаловите тикви кои ги користам за надворешените делови како балкон или двор, а белите ми се поидеални за внатрешниот амбиент. Белите тикви доколку сте малку покреативни би можеле да ги цртате, да ги боите во бела, бронзена или сребрена боја, како би добиле малку погламурозен изглед. Сѐ зависи од тоа во каков амбиент би сакале да уредувате.