Идеи за уредување на вашата тераса
Не дозволувајте вашата тераса да биде склад за непотребните работи од вашиот дом! Создадете катче во кое ќе можете да најдете мир во било кое време од денот.
Подготвивме неколку убави и имагинативни совети за тоа како едноставно да ја организирате вашата тераса. Покрај тоа што ќе изгледа убаво, на неа ќе можете да ја прочитате вашата омилена книга, да пиете кафе или само да седите и уживате
Се надеваме дека дел од ова ќе ве инспирира и ќе ве придвижи во акција.
Претворете ја вашата тераса во шанк со прекрасен поглед. Поставете шанк покрај оградата, надополнете со шик барски столчиња и додадете зеленило. Ќе добиете личен бар во приватноста на вашиот дом.
Немате доволно простор на терасата за маса и столчињa? Спојте го просторот за седење и масичката во едно, или пак преполовете ја масичката и закачете ја за оградата! На овој начин ќе добиете сѐ што ви треба.
Сакате поголема приватност и воедно да скриете дел од погледот кој го имате кон соседната зграда? Бамбусовата ограда дава природен изглед, дозволува проток на воздух и воедно е одлична основа за надополнување на конечниот изглед на терасата.
Хамок лежалка за вистинско опуштање! Ваквите лежалки се типични за одмор во природа, но може лесно да се вклопат во вашето прибежиште од урбаната џунгла.
За оние чија тераса е на сончева страна задолжителна е и заштита од сонцето. Елегантен чадор или тенда е одличен избор да се заштитите себе и мебелот од штетните директни сончеви зраци.
Доколку имате проблем со обезбедување средства за реализација на посакуваните промени во домот, тука е потрошувачкиот кредит на Халкбанк. Можете да подигнете до 1,500,000 денари со максимален рок на отплата до 120 месеци, со само 5% каматна стапка за првите три години и 0% провизија за обработка на кредитот и предвремена ликвидација, а производот доаѓа во пакет со полиса за осигурување од Халк Осигурување.
Со Халкбанк како партнер можете едноставно и брзо да ги реализирате сите замисли и да создадете простор во кој повторно ќе се чувствувате задоволно.