Креативни идеи за украсување на празните ѕидови во домот
Празните ѕидови во домот можат да изгледаат навистина монотоно, но тие можат да бидат и „платно“ на кое ќе ја покажете вашата креативност.
Ако сакате да направите промена во домот, а имате просторија со празни ѕидови, сосем доволно е да ги украсите нив за целосно да ја освежите собата.
Ѕидовите можете да ги украсите со речиси сè, а единствено треба да обрнете внимание на стилот на просторијата.
Погледнете со што сè можете да ги украсите празните ѕидови во домот:
Големо уметничко дело или фотографија
Големата слика или фотографија на ѕидот сигурно ќе привлече внимание. Ако просторијата е уредена минималистички можете да закачите црно-бела слика или фотографија, но можете да ѝ додадете живост на просторијата и со некое апстрактно дело.
Галерија од слики и фотографии
Наместо една голема, закачете неколку помали слики или фотографии. На некој начин, претворете го празниот ѕид во мала уметничка галерија.
Ѕидни украси
Можете да го украсите ѕидот и со украси направени од ткаенина, волна и слично. Дури можете да закачите и некоја интересна марама.
Огледало
Огледалото визуелно го зголемува малиот простор, па ако станува збор за помала соба, тоа е најдобриот украс. Можете да закачите и неколку помали огледала, наместо едно големо.