Работи кои треба да ги отстраните од домот по 30-тиот роденден
Ако не можете да го прославите 30-тиот роденден со голема забава, секогаш можете да прославите со средување на домашниот простор.
Можеби средувањето не е активноста којашто сте ја планирале за вашиот роденден, но откако ќе наполните 30, би требало да се ослободиле од некои работи во домот.
Во продолжение погледнете кои се работите од кои е редно да се ослободите сега штом наполнивте 30:
Стари и оштетени садови
Ретро садовите изгледаат навистина добро, но ако се оштетени, подобро да ги фрлите.
Овде спаѓаат садовите со пукнатини, со излупена боја и слично.
Чинии кои не припаѓаат на сет
Со текот на времето, во домот се собираат разни чинии кои не припаѓаат на ниту еден сет. Штом ќе наполните 30, најдобро е да се ослободите од нив.
Подобри имајте само еден сет со иста боја или дезен, отколку 10-тина различни чинии кои никако не се усогласуваат. Секако, тоа не значи да ги фрлите веднаш, но полека имајте во план да си создавате сетови, а овие може да ги подарите, да ги однесете во викендичка и слично.
Детска постелнина
Сега е време да инвестирате во нова и квалитетна постелнина. Сигурно повеќе не сакате да спиете на постелнина со Пепелашка која ја изгубила бојата од перење.
Облека што не ја носите
30-тите се одличен период вистински да го изградите вашиот стил.
Извадете ја целата облека од гардероберот и ослободете се од парчињата што не ги носите, дури и оние што ги чувате „за секој случај“. Донирајте ги на оние на кои им се неопходни.