Од идеја до реализација - Најуникатниот шанк во Скопје го имаат Дарко и Драгана (фото)
Неверојатни 936 капачиња се кријат под стаклото на еден од најуникатните шанкови во Скопје. Неговите сопственици се Драгана и Дарко, а шанкот е подготвен непосредно пред дочекот на Новата година.
Со сигурност може да кажеме дека во 2019-тата нивниот дом ќе биде најомиленото место за собирање и дружба, бидејќи кој не би сакал да го испие својот омилен пијалак на овој шанк?
Инспирацијата за овој неверојатен предизвик? Секако, љубовта кон пивотот и желбата да се поседува уникатно парче мебел.
Конструкцијата е мошне едноставна, изработена од две споени дебели иверици во L форма. Но, најинтересниот дел е секако „шлагот на тортата“ или во овој случај горниот дел од шанкот покриен со стакло коешто се вади. Токму под стаклото вешто и трпеливо се наредени 936 пивски капачиња.
Собирањето на капачињата е посебно интересна приказна. Биле потребни околу 2 години да се соберат толку многу капачиња, задача која Дарко и Драгана ја совладале со малку помош од своите пријатели.
Освен од домашните пивски брендови ќе забележите и многу други, а во самиот центар на пивскиот мозаик се кријат најуникатните капачиња од поскапи пивски брендови. Капачиња од Македонија, Романија, Холандија, Шпанија и неколку други земји се собрани и обединети под стаклото на најуникатниот шанк во Скопје.
Кога имаш добра идеја и огромна желба, остварувањето на сонот никогаш не треба да претставува невозможна мисија, нели?
Дарко и Драгана од Скопје се најдобриот доказ дека пивските соништа се остваруваат.
Погледнете како изгледа нивниот уникатен шанк:
(О)Милена | Црнобело
Фото: (О)Милена