10 идентични станови во стара зграда, опремени од различни луѓе (фото)
Дали некогаш сте помислиле како соседот под вас го има опремено станот, со ист распоред и големина како вашиот?
Bogdan Gîrbovan е романски фотограф познат по проектот „10/1“. Станува збор за фотографирање на 10 гарсионери во иста зграда во Букурешт, кои се една врз друга и изгледаат идентично. Се работи за стара зграда, изградена во 1966 година.
Но, секој од становите е опремен според желбите и потребите на неговиот сопственик, па така индивидуалистичкиот пристап прави тие да изгледаат комплетно различно еден од друг.
Секој стан го прикажува социјалниот идентитет и начинот на живот на личноста што живее во него.
Замислете вакво нешто да се направи во која било зграда во Македонија, ќе има драстични разлики, зарем не?
Сите фотографии се направени од ист агол:
Фотографот Gîrbovan живее на 10-тиот кат.
Пензионерката Bita живее на 9-тиот.
Пензионерката Ene и нејзиниот сопруг живеат на 8-от кат од 1967 година.
Ionut сака минимализам и живее на 7-миот кат.
На 6-тиот кат живее јавна личност, која сака да остане анонимна.
Уште 5 станови на следната страна...
Би можело да ве интересира:





