Како хаосот и нередот во околината во која живееме водат до стрес?

Околината во која живееме има големо влијание на тоа како се чувствуваме.

kako-haosot-i-neredot-vo-okolinata-vo-koja-zhiveeme-vodat-do-stres-01.jpg

Понекогаш, можеби ви изгледа дека малиот неред и работите кои не стојат на свое место немаат никаква улога и не претставуваат проблем, но грешите.

Според некои психолози, нередот во околината има моќ да предизвика стрес кај луѓето.

Во продолжение погледнете зошто не треба да го дозволите тоа.

Како нередот е поврзан со стресот?

1. Предизвикува прекумерна визуелна и мирислива иритација. Мозокот прима импулси на иритација и предизвикува непријатни чувства.

2. Ни го одвлекува вниманието од она на што треба да се посветиме.

3. Не ни овозможува да се релаксираме физички и ментално, бидејќи постојано ни е пред очи.

4. Постојано праќа сигнали до мозокот дека не сме си ја завршиле работата и тоа ни тежи несвесно.

5. Создава чувство на анксиозност, бидејќи длабоко во себе знаеме дека еден ден нè очекува генералка.

6. Прави да се чувствуваме виновно што живееме неорганизирано и не успеваме да се справиме со хаосот.

7. Ни го попречува креативниот процес, бидејќи го гуши слободниот простор кој ни е потребен за размислување и брејнсторминг.

Како да се ослободите од нередот како причина за стрес?

- Ако не живеете сами, распределете ја секоја личност за различна зона. Секој ќе го контролира нередот во својата зона. Ако живеете сами, не правете сè одеднаш. Чистете го просторот постепено – прво целосно средете еден ден, па потоа продолжете на друг.

- Бирајте затворени кутии за работите кои ви требаат секојдневно, или се итни. Не заборавајте да ги ставите таму најважните работи. Не ги користете отворените полици како алтернатива, бидејќи така ќе гледате неред, а тоа ќе ви предизвика иритација.

kako-haosot-i-neredot-vo-okolinata-vo-koja-zhiveeme-vodat-do-stres-02.jpg

- Ослободете се од сите работи кои не ви се потребни. Не е важно дали ќе ги фрлите или ако се употребливи, но не ги користите вие, ќе ги дадете на некој што има потреба од нив. Ако има некои работи за кои се двоумите, ставете ги во посебна кутија и по 6 месеци ако не ви затребало ништо од таму, ослободете се од нив засекогаш.

- Враќајте ги предметите на свое место по секоја употреба и не го одложувајте процесот ни 5 минути.

- Ако имате документи на работното место на кои треба во иднина да им се посветите, не ги оставајте на биро. Направете посебна папка за работи кои не се довршени но на кои треба да се навратите, за да го организирате просторот.

- За време на работниот ден, сосема е нормално да имате многу работи на бирото, но потрудете се пред заминување, сè да распоредите и ставите на свое место. Така ќе си предизвикате чувство на задоволство, посебно следното утро кога ќе дојдете и ќе го започнете денот во средена околина.

kako-haosot-i-neredot-vo-okolinata-vo-koja-zhiveeme-vodat-do-stres-03.jpg

- Фрлете ги сите летоци, флаери и непотребни каталози и списанија.

- И секако, за крај, не го гледајте чистењето како најлошото нешто. Сфатете си го како нормална работа, пуштете музика, пејте и забавувајте се – така нема ни да забележите како поминало времето.

kako-haosot-i-neredot-vo-okolinata-vo-koja-zhiveeme-vodat-do-stres-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg