4 бои кои ќе доминираат во уредувањето на кујните во 2018-та
Сакате темни смели бои или нешто свежо со авантуристички нијанси? Добрата вест е што оваа година палетата на бои на кујнскиот ентериер е за сечиј вкус.
Доколку ви здодеaja досегашните кујнски елементи, едноставно заменете ја бојата, додадете нови детали и промената ќе биде повеќе од очигледна.
Дизајнерите се едногласни кога се во прашање колор-трендовите за 2018.
Во продолжение погледнете кои бои на кујнски елементи ќе бидат вистински хит оваа година:
Светло сива
Оваа сива нијанса со слаб тон на сино е веројатно најпопуларната боја во моментов. Свежината која му ја дава на просторот ја прави една од најпосакуваните бои за отворен кујнски концепт.
Светло сивите кујнски елементи одат одлично во комбинација со темен под.
Морнарско сина
Светло сината боја е одличен избор доколку сакате да ја распрскате шарената магија во соба која најчесто е жртва на монохроматското традиционално уредување.
Кујнски елементи облечени во оваа боја даваат вистинска свежина и чувство како да живеете во мало приморско гратче.
Темно зелена
Длабоките шумски тонови се фантастични доколку се обидувате да создадете еден провокативен амбиент. Дизајнерите сметаат дека ова е најсекси избор, кој можете да го направите кога се во прашање кујнските елементи.
Оваа нијанса оди одлично во комбинација со светло дрво и високи шанкерски столови.
Речиси црна
Оваа нијанса дава една посебна драматична, но и авангардна нота, особено во простории коишто немаат доволно природна светлина.
Темните тонови го прават просторот попријатен и попривлечен за оние кои престојуваат во него.
С. У. | Црнобело