Wabi-sabi: Нов тренд во уредувањето кој се противи на совршената организација
Речиси секој човек во модерното време трага по совршенство. Совршен изглед, совршени фотки, совршена работа, совршен одмор и совршен дом.
Оптоварени сме со идејата за совршенство, што забораваме да уживаме во несовршените моменти кои ни ги носат деновите. Новиот тренд на уредување на домот, наречен wabi-sabi, се противи на овој начин на размислување.
Зад изразот wabi-sabi се крие традиционалната јапонска филозофија – пронаоѓање убавина во несовршеното. Кога станува збор за домот, најдобро е да биде автентичен и да го отсликува карактерот на оној или оние кои живеат во него.
Експертите за ентериер предвидуваат дека wabi-sabi ќе биде водечки тренд во наредните години. Ова значи дека во животниот простор треба да внесеме сé што се противи на популарната идеја за совршенство.
Стар дрвен мебел, рачно изработена керамика, перничиња од лен или платно, грубо обработени дрвени подови и слично.
Овој стил на уредување се карактеризира со неправилност и недовршеност бидејќи токму тие парчиња се автентични и во нив се крие убавина и уникатност. Затоа, не ги фрлајте малку оштетените предмети и дајте им втора шанса како декор во домот.
Во продолжение, инспирирајте се од овој интересен тренд и одберете си омилена идеја за домот:
М. В. | Црнобело