Црно индиго - Боја која ќе доминира во ентериерот во 2018-та
Црно индиго е бојата за која оправдано се претпоставува дека ќе биде вистински хит во ентериерот во 2018-та година.
Се работи за многу темна нијанса на сината боја, која речиси наликува на црна, но е сепак поблага и покомплексна.
Многумина се плашат да експериментираат со темните нијанси и ги избегнуваат, но време е тоа да се промени и да се почне од некаде.
Во оваа боја можете на пример да обоите два ѕида, или само столбови, а секако можете да си поиграте и со мебелот или деталите во домот, па дури и со елементите во бањата.
Исто така можете да експериментирате и со плочките во кујна, а ако сепак не сакате да избрзувате, почнете со ситни детали како пернички, рамки за слики, свеќници и украси.
Црпете идеи од овие ентериери:
М. М. | Црнобело