10 основни правила за хармоничен и среден дом

Уредувањето на ентериерот во домот треба да биде во склад со нашите потреби и нашите интереси и претставува важен дел од нашиот живот.

10-osnovni-pravila-za-idealno-ureduvanje-na-domot-01.jpg

Сите домови се уредени на различен начин, според желбите на сопствениците. Но, постојат неколку клучни принципи по кои треба да се водите при уредувањето на домот.

Во продолжение прочитајте ги најважните и основните 10 правила за идеално уреден дом, според професионалните дизајнери на ентериер:

Осмислете го концептот

Пред да започнете со уредување, важно е да осмислите општ концепт на просторијата. Одлучете какви бои ќе преовладуваат, каков облик ќе има мебелот, од каков материјал ќе бидат елементите и слично, која боја ќе бидат ѕидовите и слично.

На овој начин ќе добиете општа слика за тоа како ќе изгледа просторијата.

10-osnovni-pravila-za-idealno-ureduvanje-na-domot-02.jpg

Одберете спектар на бои

Кога одлучувате за боите, најдобро е во просторот да нема повеќе од 4-5 бои, а 3 или 4 од нив треба да бидат во некоја неутрална нијанса.

Светлите бои најчесто се одбираат за ресторани или други јавни места, додека за домот идеално би било да преовладуваат неутрални нијанси со декор во некоја впечатлива, светла боја.

10-osnovni-pravila-za-idealno-ureduvanje-na-domot-03.jpg

Ѕидовите нека бидат во неутрална нијанса

При избор на декорации и мебел, важно е да обрнете внимание како би изгледало тоа што ќе го одберете во комбинација со ѕидовите. Најдобро е ѕидовите да бидат во неутрални нијанси за да можат да дојдат до израз декорациите во повпечaтливи бои.

Неутралните нијанси на ѕидовите даваат чувство на смиреност во просторот.

10-osnovni-pravila-za-idealno-ureduvanje-na-domot-04.jpg

Внимавајте на централниот дел од просторијата

Кога го ставаме мебелот покрај ѕидот, останува празен простор во централниот дел од просторијата.

Ова е добро решение за простории со мала површина, додека за поголем простор, најдобро би било да не оставате толку празен простор во средината на собата и мебелот да го наместите така што ќе формира една затворена целина околу централниот дел на собата.

10-osnovni-pravila-za-idealno-ureduvanje-na-domot-05.jpg

Направете поделба по зони

Поделбата по зони му дава топлина на просторот и визуелно го зголемува.

Користете различни материјали, полици или стаклени површини за да ги одвоите различните простори во домот (просторот за спиење одвојте го од просторот за јадење, на пример).

10-osnovni-pravila-za-idealno-ureduvanje-na-domot-06.jpg

Не претерувајте со декорации

Не ставајте премногу предмети и декорации во домот бидејќи просторот ќе изгледа натрупано. Одберете нешто што навистина ви се допаѓа и одговара во амбиентот, а ослободете се од сите непотребни предмети.

Важно е просторот да „диши“. Доволни се една рамка за слика, убава ламба или некој керамички сад.

10-osnovni-pravila-za-idealno-ureduvanje-na-domot-07.jpg

Не ги избегнувајте завесите, перничињата и теписите

Многу луѓе не ставаат завеси, теписи или перничиња во домот, но токму овие работи направени од квалитетен материјал го оплеменуваат целиот простор и му даваат привлечен изглед и личен печат на домот.

10-osnovni-pravila-za-idealno-ureduvanje-na-domot-08.jpg

Осветлувањето е многу важно

Природната светлина е најдобар избор, но и осветлувањето е исто така важно за изгледот на домот.

Инвестирајте во квалитетна столна ламба, ставете интересни сијалички во детската соба или закачете голем лустер над трпезариската маса.

10-osnovni-pravila-za-idealno-ureduvanje-na-domot-09.jpg

Закачете слики или постери

Сликите и постерите на ѕидовите ставаат личен печат на целиот простор, но треба да бидат поставени на вистинската висина за да можат да се гледаат.

Ако се поставени превисоко, или прениско, ќе создадат неурамнотеженост во просторот, па затоа внимавајте на ова.

10-osnovni-pravila-za-idealno-ureduvanje-na-domot-10.jpg

Организирајте ги ситните предмети

Чувајте ги малите предмети во декоративни кутии или садови. Така нема да се создава неред и истовремено ќе го декорирате ентериерот по своја желба.

Идеални места за да ги поставите ваквите кутии или садови се во ходникот или во тоалетот.

10-osnovni-pravila-za-idealno-ureduvanje-na-domot-11.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
5 грешки во уредувањето на домот (кои прават да изгледа евтино) Ако штедите на лустерите или ако тие се убави, но не даваат убаво осветлување, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg